Се спречува одлив на капитал во странство

Bez autora
Nov 14 2012

Владата внимателно ќе ги следи странските компании кои работат во Македонија за да не дојде до пренесување на капиталот во нивните матични земји,. Тој истакнува дека изнесувањето капитал е нова тенденција која нема да се толерира и ќе се спречува преку мерки што ги презема централната банка. Неодамна на прес конференција гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека странски инвеститори во Македонија пренесуваат средства во своите матични земји. Без да именува, тој рече дека дека грчки инвеститор во Македонија за осум месеци од годинава во Грција пренел средства во висина од 1% од македонскиот БДП. Според некои информации, грчки компании земаат кредити од Стопанска банка, која е со грчки капитал и ги пренесуваат во своите мајки-фирми во матичната земја.

Се спречува одлив на капитал во странствоВладата внимателно ќе ги следи странските компании кои работат во Македонија за да не дојде до пренесување на капиталот во нивните матични земји, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој истакнува дека изнесувањето капитал е нова тенденција која нема да се толерира и ќе се спречува преку мерки што ги презема централната банка.

Неодамна на прес конференција гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека странски инвеститори во Македонија пренесуваат средства во своите матични земји. Без да именува, тој рече дека дека грчки инвеститор во Македонија за осум месеци од годинава во Грција пренел средства во висина од 1% од македонскиот БДП.

Според некои информации, грчки компании земаат кредити од Стопанска банка, која е со грчки капитал и ги пренесуваат во своите мајки-фирми во матичната земја.

- Ќе бидеме многу внимателни да не се прелее македонскиот капитал во која било друга земја, вклучително и Грција. Нема да дозволиме посебно банкарски капитал, односно кредити што грчките фирми во Македонија ги добиваат од банките да бидат извор на средства за позајмици на истите фирми во Грција - изјави министерот.

Тој потенцира дека мерките што ги презема НБРМ се соодветни за решавање на овој проблем. Затоа Народната банка побара од банките да издвојуваат поголеми резервации за таквите позајмици, бидејќи се работи за пласмани кои се пренесуваат во држава со низок кредитен рејтинг.

- Тоа се поризични кредити за банките и за потенцијалните загуби од нив треба да издвојат поголеми резервации. Тоа ги прави неатрактивни тие кредити. На тој начин преку прудентни мерки на централната банка ќе успееме да ја спречиме оваа појава - истакна министерот додавајќи дека Владата ќе биде внимателна, ќе настојува да го следи работењето на тие фирми за да види дали и по други основи има одлив на средства.

Буџетот за 2013 година кој во моментов е во собраниска процедура е развоен, категорично тврди Ставрески.

- Како што имаме навестено, ќе почнат некои крупни инфраструктурни проекти во делот на патната, железничката инфраструктура, енергетиката. Ќе се градат училишта, водоводи, канализации, болници и слично. Тоа е голем придонес во развојот на економијата, односно поддршка за фирмите - истакна Ставрески.

Според него, Македонија за разлика од сите европски земји ги задржа ниските даноци од 10%, односно 0% ако се реинвестира. Во пакет со капиталните инвестиции, тоа го прави развојниот дел на буџетот најизразен во однос на сите држави во Европа. Затоа, забелешките на СДСМ за недостаток на развојна компонента во буџетот според него не се реални туку политички. Министерот за финансии тврди дека нашата држава и понатаму ќе остане во групата на петте најмалку задолжени европски земји.

- Јавниот долг пред шест седум години беше 38% од БДП, сега е 30%. Тоа покажува дека сме во сосема безбедна зона. Македонија е ниско средно задолжена земја и апсолутно не треба да има грижа дека со сите мерки и политики и со проекциите што ги имаме, ќе се задржи во таа зона. Македонија ќе биде меѓу петте најниско задолжени земји и во следните неколку години - вели Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik